Vrabotuvanje.com - Португалија го враќа полицискиот час
Share
Tweet
Share
Send to friend

Португалија го враќа полицискиот час

Ноќен полициски час ќе биде воведен во неколку португалски општини, вклучувајќи го главниот град Лисабон и градот Порто, додека властите се обидуваат да го стават под контрола зголемениот број на заболени со коронавирус.

Португалија го враќа полицискиот час

Полициски час од 23 часот навечер до 5 часот наутро од денеска повторно е воведен во 45 општини со висок ризик, вклучително и туристичкото место Албуфеира во сончевиот јужен регион Алгарве.

Вчера во Португалија беа потврдени 2.449 нови случаи, што е најголем пораст од средината на февруари. Бројот на смртни случаи од коронавирус останува далеку под нивото од февруари.

„Немаме околности да тврдиме дека пандемијата е под контрола“, рече министерката Маријана Виеира да Силва.

Нови случаи се пријавуваат претежно кај невакцинирани помлади лица.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more