Vrabotuvanje.com - Pinterest ќе забрани реклами за слабеење
Share
Tweet
Share
Send to friend

Pinterest ќе забрани реклами за слабеење

Pinterest ќе забрани реклами за слабеење

Pinterest станува првата социјална мрежа за споделување фотографии која ги забранува сите реклами за слабеење на својата платформа, забранува реклами со пораки и слики за слабеење, како и реклами во кои се идеализира или омаловажува одреден тип на тело, соопштија од компанијата. Популарната платформа за фотографии, која овозможува корисниците да креираат и споделуваат колажи, вели дека исто така нема да дозволуваат реклами со сведоштва за губење на тежина или пак продукти за слабеење, како и реклами за индекс на телесна маса и слично.

На платформата и понатаму ќе бидат дозволени реклами кои промовираат здрав животен стил, навики и фитнес услуги и продукти доколку тие не се фокусирани на слабеење. Директорката на политики на Pinterest, Сара Брома, вели дека промената на правилата “става приоритет на емоционалното и менталното здравје на корисниците, особено на оние кои биле изложени на нарушување на исхраната, диети или исмевање на телото“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more