Vrabotuvanje.com - L’Oreal најавува линија на филтри што користат виртуелна реалност за сите бизнис дами
Share
Tweet
Share
Send to friend

L’Oreal најавува линија на филтри што користат виртуелна реалност за сите бизнис дами

L’Oreal најавува линија на филтри што користат виртуелна реалност за сите бизнис дами

Филтерите за разубавување на фотографиите на социјалните мрежи и не се некој новитет, но овој пат тие значат прилагодување на козметичките брендови на условите што ги наметна пандемијата. Францускиот козметички бренд, L’Oreal најавува линија на филтри што користат виртуелна реалност, коишто ќе им помогнат на жените да изгледаат подобро додека имаат видео повик со колегите, претпоставените, соработниците, клиентите…

Таканаречените Signature face филтри можат да го отстранат заморот од лицето, да ги “испеглаат“ брчките, да додадат вештачки трепки, кармин и сенка за очи. Првиот сет во овој момент е бесплатно достапен на Instagram, Snapchat и Google Duo, a може да се користат и за Houseparty или Zoom.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more