Vrabotuvanje.com - Што кажуваат за Вас фонтовите кои најмногу ги користите?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што кажуваат за Вас фонтовите кои најмногу ги користите?

Што кажуваат за Вас фонтовите кои најмногу ги користите?

Повеќето луѓе, особено оние кои го поминуваат целиот ден на компјутер и чија работа е главно поврзана со Интернет, не размислуваат многу за фонтот што го користат за официјални цели. Скоро секогаш користат „сериозни“ букви, кои „по дифолт“ и не знаат што значат.

Меѓутоа, кога ќе напишат нешто свое, за некоја друга цел, честопати се обидуваат да се извлечат од она што е поврзано со секојдневните деловни обврски, па затоа избираат различни фонтови. Изборот на омилен фонт, барем според психолозите, може да каже нешто за личноста на оној што сака да го користи.

Arial

Го сакаат оние кои ја ценат едноставноста и стабилноста, луѓето кои се сигурни. Arial е најпопуларниот фонт во Велика Британија, кој го користат 53% од населението. Причината за таквата популарност, лежи во фактот дека Arial е едноставен и сигурен како и неговите корисници.

Calibri

Корисниците го сакаат овој фонт поради неговата ефикасност и сигурност, па затоа е втор најпопуларен фонт. Оние што го користат овој фонт не се грижат што мислат другите за нив. Тие се малку досадни и мрзливи, не сакаат да бидат во преден план и не сакаат да ризикуваат.

Times New Roman

Тој е избран од конформисти, љубезни и практични корисници. Тие се љубезни. Не сакаат промени, носталгични се и често го споменуваат минатото. Но, бидејќи „Times New Roman “ генерално почна да се користи сè помалку, во анализата на истражувањето се наведува дека неговите корисници се љубители на побавно темпо на живот во споредба во сè повеќе динамичното и побрзо општество.

Georgia

Овој фонт е избран од практични и позрели корисници. Тие ја ценат формалноста и елеганцијата, тие се искрени и сигурни. Овој фонт е грациозен, а неговите обожаватели се амбициозни.

Century Gothic

Корисниците на овој фонт се среќни и искрени луѓе. Фонтот не е премногу различен од стандардниот, но дава навестување на личниот израз на корисникот. Неговите обожаватели уживаат во учењето, бидејќи неговиот чист дизајн често се користи во областа на образованието.

Меѓу поретко користените фонтови, кои најмногу ги користат индивидуалисти, се издвојуваат:

Paprika

Фонт за храбри луѓе и авантуристи. Неговите корисници се флексибилни и креативни и често доцнта.

Comforta

Го користат луѓе кои ја сакаат природата и не ја почитуваат традицијата. Тие не се конформисти и честопати сакаат да експериментираат, што значи дека не се специјалисти во одредена област.

Lato

Популарни меѓу современите корисници кои прифаќаат промени и не се трудат премногу. Тие се способни да се изразат на свој начин, иако не се најиновативни.

Bahnschrift

Го сакаат луѓето кои ја ценат јасноста и едноставноста, а не комплексноста. Корисниците се уредни, не сакаат неред или хаос. Фановите на минимализмот, не сакаат раскошен стил.

Abril Fatface

Корисниците на овој фонт честопати се малку поисполнети луѓе, како и фонтот што го користат. Тие се директни, амбициозни и одлични слушатели. Тие се многу чувствителни и сакаат да изгледаат софистицирано.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more