Vrabotuvanje.com - Саудиски милијардер го продава најскапиот стан во Њујорк – цената е вистинска „ситница“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Саудиски милијардер го продава најскапиот стан во Њујорк – цената е вистинска „ситница“

Саудиски милијардер го продава најскапиот стан во Њујорк – цената е вистинска „ситница“

Доколку саудискиот милијардер и „крал“ во светот на недвижностите, Фавал Ал Хокаир, успешно го продаде својот пентхаус од скоро 800 квадрати со поглед кон Централ Парк, ќе го сруши наизглед недостижниот рекорд. Според информациите, Ал Хокаир планира да го продаде пентхаусот по цена од 170 милиони долари, што е дупло повеќе во однос на цената која ја платил кога го купил во 2016 година. Луксузниот стан навистина е величествен и во себе содржи шест спални соби и седум бањи. Во неговиот ентериер може да видите бројни луксузни детали. Доколку тоа не е доволно да ве воодушеви, треба да знаете дека овој пентхаус има и своја приватна библиотека и соба за одмор, како и одвоен гардеробер со главна спална соба. Бањата заслужува да биде особено спомената, поради тоа што има грејни подови, мермерни површини...

Покрај тоа, зградата во која пентхаусот се наоѓа има 24-часовна услуга од вратар, паркинг сервис, како и приватен влез. Сопственикот на пентхаусот, Ал Хокаир е основач на „Fawaz Abdulaziz Alhokair“, а моментално поседува 19 трговски центри во Саудиска Арабија и локална франшиза за брендовите „Zara“, „Banana Republic“, „Gap“, „Nine West“, како и „Top Shop“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more