Vrabotuvanje.com - Сајбер бабичка: На 81 година направила одлична апликација
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сајбер бабичка: На 81 година направила одлична апликација

Сајбер бабичка: На 81 година направила одлична апликација

Масако Вакамија од Јапонија  започна со програмирање на 81-годишна возраст. Нејзината мисија е да ја приближи технологијата до повозрасните луѓе и да им покаже колку може да им го олесни животот. Отсекогаш сакала да прави забавни работи, а потоа сфатила дека нема добри и интересни игри за луѓето на нејзина возраст. Помладите иноватори и рекле дека не можат да и помогнат затоа што не знаеле што сакаат постарите луѓе. Затоа, реши да ги преземе работите во свои раце!

Нејзината претстава „Хинадан“ е именувана по празник што се слави во Јапонија повеќе од 1.000 години. Целта на играта е да ги распореди традиционалните кукли по специфичен редослед. Бидејќи постарите луѓе многу подобро ги разбираат старите традиции, оваа тема се покажа како идеална за нив. Масако денес има 84 години, а нејзината игра досега ја презеле повеќе од 100.000 корисници.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more