Vrabotuvanje.com - Women only – нов тренд во туризмот вреден 125 милијарди долари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Women only – нов тренд во туризмот вреден 125 милијарди долари

Women only – нов тренд во туризмот вреден 125 милијарди долари

Бројот на патувања само на жени порасна за 88% во последните неколку години, а експертите сметаат дека оваа година жените ќе потрошат 125 милијарди долари на патувања.

Анализите покажуваат дека жените сè повеќе сакaат да патуваат сами, одошто со нивните партнери, па соло патничките го надминаа бројот на мажи кои се одлучуваат на таков чекор.

Според Светскиот совет за патувања и туризам, уделот на женските професии во туризмот најмногу раст во економии во развој во последните 10 години. Податоците на UN Women покажуваат дека кога жените заработуваат повеќе пари, ги вложуваат во семејството и заедницата, вклучувајќи и патувања, што дава подобри резултати за развој на глобално ниво.

Патувањата претставуваат своевидна трансформација на жените, им помагаат да ја зголемат самодовербата и да се чувствуваат посигурни во себе. Кога жените патуваат сами, природно и спонтано создаваат нови пријателства и врски што траат цел живот. Посебно ги преферираат патувањата со други жени кои им се блиски, како што се мајка, сестра, најдобра пријателка…

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more