Vrabotuvanje.com - Потребен е МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Потребен е МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Магрони компанијата која ги произведува Ладна и Добра Вода која во моментов има над 100 задоволни вработени го проширува тимот и има потреба за лице кое ќе биде задолжено за контрола на квалитетот и биохемиската структура на водата која се полни.

Потребен е МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Проверете ја позицијата и условите ОВДЕ

Менаџерите за контрола на квалитет играат значајна улога и треба да  обезбедат производите да одговараат на пропишаните регулативи и интерните стандарди. Тие формулираат и насочуваат програми и политики за обезбедување квалитет, а исто така се трудат да го донесат најдоброто во организацијата.

 Фабриката на Магрони се наоѓа  во с.Вакав, Кратовско, располага со комплетно автоматизирана линија за полнење на неповратна стаклена и PEТ амбалажа со капацитет од 12.000 l/h и комплетно автоматизирана сирупана, во согласност со законските прописи и сите правила за добра производна пракса.

Денес е една од водечките компании за производство и дистрибуција на вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци во Македонија а од Магрони велат дека  ги инвестираат сите нивни ресурси и ентузијазам во насока, нивните производи да станат достапни до нови клиенти низ светот.

Од Магроно велат:- Над 100 вработени во нашата компанија ја делат подеднакво истата страст за извонредност, усовршување, најсовремена продукција и посветеност да донесеме насмевка и задоволство на секој потрошувач што го имаме. Нашата успешна приказна вклучува активен мониторинг.Постојано ги следиме модерните маркетинг трендови, неизоставувајќи ја и континуираната едукација на вработените кои се нашата движечка сила. Една од најважните доблести е да бидеме во тек со најновите технолошки решенија и иновации.

Токму за тоа и бараме нов член на тимот кој активно ќе jа продолжи нашата мисија и визија

Ако сакате да бидете дел од МАГРОНИ пријавете се                                                                      

ОВДЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more