Vrabotuvanje.com - Продолжува падот на вредноста на пазарот на криптовалути
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продолжува падот на вредноста на пазарот на криптовалути

Продолжува падот на вредноста на пазарот на криптовалути

Според веб-страницата „Коингеко“, синоќа продолжи трендот на опаѓање на вредностите на повеќето од најпознатите криптовалути во светот.

Биткоинот, во последните 24 часа, забележа пад на вредноста од 0,7 проценти, т.е. во моментов се тргува со 32,927 долари. Во последните 7 дена неговата вредност падна за вкупно 2,4 проценти.

Втората најпозната криптовалута на пазарот, етереум, забележа пад на вредноста од 4,3 проценти, а во моментов се тргува по цена од 2.123 долари.

Остатокот од пазарот, исто така, го продолжи трендот на опаѓање,

Кардано падна за 3,1 процент, Рипл, за 2,7 проценти, Доџкоин за 4,8 проценти, Полкадот за 3,5 проценти итн.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more