Vrabotuvanje.com - Викендот во Хрватска пристигнале 39 отсто помалку туристи отколку во 2019 година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Викендот во Хрватска пристигнале 39 отсто помалку туристи отколку во 2019 година

Викендот во Хрватска пристигнале 39 отсто помалку туристи отколку во 2019 година

Повеќе од 336.000 туристи пристигнале во Хрватска во минатиот викенд – од петок до недела, јави ХРТ и во споредба со вториот викенд од јули минатата година, тоа е зголемување за 16 проценти, но во споредба со рекордната 2019 година – намалување за 39 проценти.

Според податоци на е-Visitor, реализирани се скоро два милиони ноќевања, што е зголемување за 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, но е намалување за 29 проценти во споредба со 2019 година.

Во Хрватска моментално престојуваат околу 635.000 туристи – 87 проценти се странци, претежно Германци, Словенци и Полјаци. Најголем број гости во моментов има во Истра, Кварнер и Сплит-Далмација.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more