Vrabotuvanje.com - Колку чинеше летување во СФРЈ?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку чинеше летување во СФРЈ?

Колку чинеше летување во СФРЈ?

Како што беше објавено во Ilustrovana Politika од 1967 година, југословенскиот туризам тогаш добиваше признание низ целиот свет. Италија и Шпанија нѐ сметаа за конкуренти, во сезоната беа заработени околу 200 милиони долари, иако можеше да бидат и повеќе.

Според статистичките податоци, заклучно со септември, таа година летувале 3.344.000 странски туристи во Југославија, што е за 184.000 повеќе отколку во истиот период минатата година во денешните екс-ју држави. Најголем број гости дошле од Германија, Австрија и Италија. По нив, најмногу туристи дошле од Франција, Чешка и Велика Британија. Најголем интерес имаше за крајбрежните летни одморалишта, потоа за планините и бањите.

Во 1967 година имало 20 милиони „излетнички“ туристи - оние кои одат на екскурзии, службени патувања или се во транзит. Исто така, забележан бил пораст на бројот на домашни туристи во споредба со 1966 година - 3.924.000.

Бројот на Југословени кои патувале во странство, исто така, се зголемил - до септември 1967 година, 4.360.000 Југословени патувале во странство, што е голем чекор напред од 1.887.000 во истиот период претходната година. Туризмот започнал да цвета кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години, а реклама на светскиот туристички пазар ни донесоа евтиното хотелско сместување, храна и превоз.

Одморите во Милочер чинеа 715 марки, во хотелот „Авала“ во Будва 545 марки, во бунгалови на Лапад 445 и во дубровничкиот хотел „Стадион“ 420 марки.

Од друга страна, во познатите европски летувалишта се летуваше по следниве цени: во Мајорка едно летување чинеше од 379 до 585 марки, во романското одморалиште Мамаја од 399 до 561 марки, на италијански Римини 309-388, во Капри 449- 738 марки, во Златни песоци во Бугарија од 358 до 598 марки.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more