Vrabotuvanje.com - Внукот направил уред за полесна комуникација со својата баба која не користи мобилен телефон
Share
Tweet
Share
Send to friend

Внукот направил уред за полесна комуникација со својата баба која не користи мобилен телефон

Внукот направил уред за полесна комуникација со својата баба која не користи мобилен телефон

Младиот софтверски инженер, Мануел Лусио го воодушеви Интернетот кога реши да создаде специјален уред за комуникација за неговата баба.

Имено, неговата баба Фелиса Романо Мартин (96) има проблеми со слухот и не може да користи телефон, а би сакала да биде во контакт со сите членови на семејството и пријателите кои не ги видел подолго време поради пандемијата. За да ја исполни нејзината желба, Мануел ги засука ракавите и го направи „Јајаграм“ - уред што испраќа гласовни пораки и примени отпечатоци.

За да испрати порака, баба Фелиса прво мора да избере со кого сака да разговара, а потоа да го стави конекторот  со соодветното име. Кога снима порака, таа мора да притисне копче и да го држи додека не заврши со зборување.  Пораката потоа се испраќа, а другата личност ќе ја добие преку апликацијата - Телеграм.

Уредот може да прима само текстуални пораки, па затоа, кога ќе добие одговор, се печати на термичка хартија. Сè е дизајнирано да биде лесно за неговата баба. На прашањето од каде потекнува името на уредот, Мануел објаснува дека „јаја“ е мил израз за баба на кастељански јазик, дијалект од шпанскиот јазик, а „грам“ доаѓа од апликацијата „Телеграм“, која се користи за испраќање пораки.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more