Vrabotuvanje.com - Давид Неделковски: Несудениот 28-годишен археолог што реши да стане среќен козар
Share
Tweet
Share
Send to friend

Давид Неделковски: Несудениот 28-годишен археолог што реши да стане среќен козар

Давид Неделковски: Несудениот 28-годишен археолог што реши да стане среќен козар

28-годишниот Давид Неделковски е поранешен студент на археологија, кој наместо да дипломира и да истражува археолошки локалитети, си ги зел документите од факултетот и заедно со родителите пред 6-7 години, го напуштил градот. Сега тројцата живеат во село Раштак кадешто се занимаваат со чување кози и со производство на млеко, млечни производи и јарешко месо. „Пред неколку години заглавив во неолитот што го изучувавме и завршив во оваа професија. Притоа, мислам на суштинската револуција на човештвово – појавата на земјоделството и припитомувањето на животните“, вели Давид. Својата и одлуката на неговите родители да си заминат од Скопје ја донеле едногласно, на предлог на татко му и решиле да си го сменат животот од корен. 

Image may contain: tree, grass, outdoor and nature„По потекло, по дедо ми, татко на татко ми, јас сум од Раштак, кадешто имаме стара куќа која е направена после Втората светска војна. Решивме да се преселиме таму со мајка ми и татко ми откако заклучивме дека ни треба некоја суштинска промена, бидејќи не се најдовме многу во работите кои ги работевме дотогаш. 

No automatic alt text available.Предлогот на татко ми да се преселиме во Раштак го ставивме на гласање и едногласно го усвоивме. Сите заедно решивме да почнеме да одгледуваме кози и да произведуваме сирење и млеко. За почеток купивме 10 кози. Тоа беше пред 6-7 години. Никој од нас во живот немаше видено коза, а не пак да ги чува. Но научивме. За кози се одлучивме затоа што лактацијата кај нив трае најдолго, а пресуден беше и теренот на кој сега ги пасиме козите. 

извор: 365.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more