Vrabotuvanje.com - Овaa жена го пронашла својот изгубен прстен 13 години подоцна кога во него израснал морков
Share
Tweet
Share
Send to friend

Овaa жена го пронашла својот изгубен прстен 13 години подоцна кога во него израснал морков

Пред 13. години го изгубила свршеничкиот прстен – го нашла на морков

Овaa жена го пронашла својот изгубен прстен 13 години подоцна кога во него израснал морков

Канаѓанката сметала дека прстенот е неповратно изгубен сè додека нејзината снаа Сара Рајан не извадила чуден морков од земја од нивната градина. Сара наскоро сфатила зошто морковот добил чудна форма.

После 13. години, Канаѓанката Мери Грамс (84) во 2017. година го пронашла вереничкиот прстен на морков во нејзината градина, известува apost.
Денес, 84-годишната Мери Грамс го изгубила вереничкиот прстен во 2004. година. Се обидела да го најде, но залудно. За да не го повреди сопругот, купила нов прстен во намалена верзија без да му каже на сопругот што се случило.

Image

Мислела дека прстенот е неповратно изгубен, сè додека еден ден нејзината снаа Сара Рајан не извади чуден морков од земја од нивната градина. Сара не можела да не се зачуди од изгледот на морковот и наскоро сфатила зошто ја добил таа форма. Имено, прстенот од нејзината свекрва бил на морковот кој растел преку парче накит.

Грамс не можела да поверува дека е пронајден нејзиниот стар свршенички прстен и веднаш ја заменила копијата. Г-дин Грамс, сопругот на Мери, никогаш не забележал дека неговата сопруга носи копија од вереничкиот прстен.

Слична ситуација се случила во Шведска во 2011. година, кога по 16. години, една жена пронашла прстен во својата градина.

извор: ekran.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more