Vrabotuvanje.com - Аеродромот во Москва „Шереметјево“ стана најпрометниот во Европа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Аеродромот во Москва „Шереметјево“ стана најпрометниот во Европа

Аеродромот во Москва „Шереметјево“ стана најпрометниот во Европа

Аеродромот „Шереметјево“ во Москва бил најпрометниот аеродром во Европа во месец јуни.  Аеродромот примил 2,94 милиони патници.

Според британскиот портал „Ер сервис 1“, на второ место е аеродромот во Истанбул, кој примил и испратил 2,8 милиони патници. На трето место е уште еден московски аеродром – „Домодедово“, со патнички сообраќај од 2,45 милиони луѓе месечно.

Општо, најпрометниот аеродром во историјата останува „Хитроу“ во Лондон. Меѓутоа, последниве два месеци, тој се наоѓа на 17. место во статистиката за аеродромите во Европа.

„Шереметјево“ стана првиот аеродром во Русија што понуди единствена можност за минување пасошка контрола со помош на биометриски податоци.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more