Vrabotuvanje.com - Кои пинови се помалку ризични и како да ги изберете?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кои пинови се помалку ризични и како да ги изберете?

Кои пинови се помалку ризични и како да ги изберете?

Една студија на DataGenetics откри десет најчесто користени ПИН - кодови кои се всушност најризични бидејќи се лесни за откривање.

Во летните месеци, со зголемениот број туристи, расте и бројот на криминалци кои на различни начини се обидуваат да ги искористат предностите на толпата. Меѓу нив има хакери кои користат софистицирана опрема за да украдат ПИН - податоци за кредитни и дебитни картички.

Слични проблеми постојат насекаде во светот, а најголем број вакви случаи се пријавени во САД и Мексико.

Истражувањето на DataJenetics откри дека десет ПИН - кодови се најупотребувани, а кои се всушност најризични бидејќи се лесни за откривање. Наједноставните PIN - кодови како 1234 е најлесно да се пробијат, додека најбезбедни се оние што немаат логичка низа или значење.

Исто така, истражувањето покажа дека PIN 8068 е најмалку користен.

Десетте најчесто користени пинови: 1234, 1111, 0000, 1212, 7777, 1004, 2000, 4444, 2222 и 6969.

извор: bankometar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more