Vrabotuvanje.com - За вечера потрошил 3.700 евра, па се пожалил дека ресторанот земал 10 проценти за неговата услуга
Share
Tweet
Share
Send to friend

За вечера потрошил 3.700 евра, па се пожалил дека ресторанот земал 10 проценти за неговата услуга

За вечера потрошил 3.700 евра, па се пожалил дека ресторанот земал 10 проценти за неговата услуга

Вечерата со пријателите за која потрошија илјадници евра, станала вистинска ноќна мора затоа што ресторанот ја наплатил задолжителната сума за услугата од 10 проценти.

Ова не е една од оние приказни за великодушноста на клиентите кои оставаат огромен бакшиш, туку токму спротивното. Енрике Морис не можеше да поверува дека во ресторанот во кој седел со пријателите има задолжителен бакшиш. Тоа вклучуваше специјални хамбургери, многу текила и две шишиња „Дом Перињон“. Над таа сума, ресторанот наплати уште 372 евра на име на услугата.

„Марбела е новата Ибица. Измамници насекаде “, напиша Енрике на Твитер.

Се разбира, неговиот коментар не наиде на симпатии кај корисниците на социјалната мрежа.

„Потрошивте 10 пензии за проклетите хамбургери и што точно сакате сега? Солидарност? “, праша еден од корисниците.

Дури и синџирот американски ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ се вклучи во дискусијата, шегувајќи се дека ќе понудат „Дом Перињон“ во нивните капацитети во Марбела.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more