Vrabotuvanje.com - Која е идеалната температура за работа во канцеларија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Која е идеалната температура за работа во канцеларија?

Која е идеалната температура за работа во канцеларија?

Интересно е дека дури и воздухот во канцеларијата во која работите може да има големо влијание на вашата продуктивност.

Јасно е дека сите сакаме да работиме на пријатна температура, но што е позитивно, а што е негативно за нашата концентрација? Кој би рекол дека неколку степени плус или минус може да нè подобрат или забават во работата која ја извршуваме?

Според многубројни истражувања се покажало дека идеалната температура за работа е помеѓу 21 и 23 степени. Тогаш продуктивноста е на највисоко ниво.

Истите покажуваат дека само неколку степени разлика во температурата може да ја намали продуктивноста до 5%.

  • На 25 степени сме околу 98% продуктивни
  • На 27 степени сме 95% продуктивни
  • На 30,5 степени сме 90% продуктивни
  • А над 33 степени, сме 85% продуктивни.

Ако температурата ја намалиме на:

  • 19 степени, тогаш сме 98% продуктивни.
  • 17,2 степени, тогаш сме 95% продуктивни.
  • 15 степени е еднакво на 90% продуктивност.

Се пронајдовте ли?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more