Vrabotuvanje.com - Трик кој го користат музеите: ослободете се од досадната прашина само со една состојка
Share
Tweet
Share
Send to friend

Трик кој го користат музеите: ослободете се од досадната прашина само со една состојка

Трик кој го користат музеите: ослободете се од досадната прашина само со една состојка

Нема ништо поиритантно од тоа кога ќе забележите дека повторно се таложи прашина врз површините, а тукушто сте ја средиле куќата и детално сте ја исчистиле. Решението всушност е многу евтино и едноставно.

Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, но ни на крај памет не ви текнало дека тајната состојка е глицеринот, кој можете да го купите во повеќето аптеки. Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период.

Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.

Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин. Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот.

За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more