Vrabotuvanje.com - 211 фирми ќе го воведуваат моделот на дуално образование
Share
Tweet
Share
Send to friend

211 фирми ќе го воведуваат моделот на дуално образование

211 фирми ќе го воведуваат моделот на дуално образование

Огромен напредок во имплементацијата на моделот на дуалното образование – од 11 до 211 нови фирми.

Деновиве вниманието ми го привлече еден билборд на кој три наши фирми,  „Костал“, „ЛТХ Леарница“ и „ОДВ Електроник“ повикуваат на упис на четврта генерација на ученици за техничар за производно машинство и за техничар за индустриска мехатроника. Дуалното образование претставува инвестиција за иднината.

Зарем е можно кај нас, нештата да се имплементираат на вистински начин, без големо бранување на јавноста? Да, можно е, ако моделот е западно европски и ако тој кадар вистински е потребен на бизнисот, кој со себе ги носи карактеристиките – ненаметливост, упорност и истрајност.

Присуството на „Костал“ на билбордот, ми ги врати спомените во далечната 1976 година на охридскиот гигант „ЕМО“,  сместен на истата локација каде денеска е „Костал“, прв кој го примени моделот  што тогаш се нарекуваше средно стручно образование и беше со истиот партнер – Електро-машинскиот училишен центар.

Погледнете ги сите слободни позиции на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА:

Менаџер на магацинЛинк за аплицирање

Но уште поинтересно е, дека тој истиот „ЕМО“ настана 10-тина години порано, на локацијата на градската депонија. Значи, луѓето од депонија можат да направат фабрика со 150 милиони долари извоз и 4 илјади вработени која работела по највисоките светски стандарди, и исто луѓето можат да ја урнисаат како што тоа го направија во 90-тите години со „ЕМО“, и после 25 години, повторно да ја издигнат со најсовремени производни програми и со имплементација на моделот на дуално образование.

Меѓутоа, 2013 година е исто така важна за промена на менталитетот, бидејќи тогаш за првпат Стопанската комора на Северна Македонија започна со активности за воведување на дуалното образование. 

Промената значи мотив, но и пример за другите како реалноста може да изгледа и поинаку. Само ако ги истакнеме позитивните примери, ќе го смениме нашиот менталитет.

Извор: mkd.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more