Vrabotuvanje.com - Заљубена двојка поради бакнеж на улица казнета со 400 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Заљубена двојка поради бакнеж на улица казнета со 400 евра

Заљубена двојка поради бакнеж на улица казнета со 400 евра

Двојка во Милано беше казнета со 400 евра за бакнување на улица, откако претходно ги симнаа маските, со што беа прекршени мерките кои Италија ги воведе поради пандемијата на коронавирус.

Тие рекоа дека, откако се бакнале на улица, одеднаш биле опкружени со полиција, која веднаш ги побарала нивните документи. 40-годишниот италијанец живее две и пол години со својата девојка, која по потекло е од Полска но одлично зборува италијански јазик.   

За да ја докаже својата романтична врска, испитаникот и покажал на полицијата разни фотографии на неговиот телефон на кои биле видени заедно, но безуспешно. Единствениот проблем беше што престојуваа на различни адреси, што не им го дозволува овој чин на интимност на улица во времето на корона вирусот. Откако го утврдија нивниот идентитет, полицијата ги казни затоа што не ги почитуваа задолжителните мерки за носење маски и држење растојание од еден метар.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more