„Костал Македонија“ ДООЕЛ - Охрид е германска компанија која започна со работа во 2016 година. „Костал Груп“ е семејна компанија со традиција од 4 генерации, формирана во 1912 година и деловни активности во 21 земја на 5 континенти, со над 20.000 вработени и годишен обрт од 2,8 милијарди евра. Групацијата произведува електроника, електромеханика и мехатроника, со широк спектар на употреба во автомобилската индустрија.
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има активни огласи за вработување на следниве позиции: