Vrabotuvanje.com - McDonald's го направи најдолгиот послужавник за повторно дружење на луѓето
Share
Tweet
Share
Send to friend

McDonald's го направи најдолгиот послужавник за повторно дружење на луѓето

McDonald's го направи најдолгиот послужавник за повторно дружење на луѓето

После подолг период на карантини и изолација, собирите и рестораните повторно се враќаат во Белгија. Со цел да се одбележи повторното здружување на луѓето, локалната подружница на McDonald’s се реши за кампања со „многу многу многу… многу“ долги послужавници од 3 метри.

Според брендот, стандардниот послужавник отсекогаш со себе носел симболика на „јас“, меѓутоа, после година на изолација, време било да се направи повеќе да биде за „ние“.

Ракувањето со долгиот послужавник е навистина комплицирано и бара координација на повеќе вклучени луѓе. Од McDonald’s признаваат дека дизајнот воопшто не е практичен, но дека „животот е повкусен заедно“.

Кампањата била реализирана со помош на креативната агенција TBWA\Belgium, а долгите послужавници биле достапни само на неколку локации во главниот град Брисел.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more