Vrabotuvanje.com - Како ќе изгледаат авионите на иднината?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како ќе изгледаат авионите на иднината?

Како ќе изгледаат авионите на иднината?

Големи виртуелни прозорци, контроли на допир, холографски тастатури и многу повеќе во кабините на авионите во иднината.

 

Од своето основање во 1914 година, воздухопловната индустрија не се промени многу. Обликот и аеродинамиката на авионот се сменија со текот на времето, но промената во внатрешноста на авионот е минимална.

Во основа, распоредот на седиштата и дизајнот на кабините се исти и ден денес. Авион без прозорци ќе биде изненадување за патниците.

Иновативниот авијациски сектор со нов напреден научен и технолошки концепт наречен „The Maveric Project“ е дизајниран од компанијата „Rosen Aviation“.

 

Новиот авион има своја кабина, што е парче од иднината. Ли Кларк, потпретседател на брендот, посочи дека „The Maveric Project“ е создаден поради фактот што воздухопловната индустрија заостанува кога станува збор за промени, во споредба со станбениот, резиденцијалниот или автомобилскиот свет.

Новиот модел на авион изгледа како да е наменет за истражување на вселената, со футуристичка кабина и седишта кои делуваат како да се наменети за пилоти, а не за патници.

Кабината е опремена со технологии без допир, а просторот е опремен со безжични станици за полнење, како и амбиентално осветлување. Застарените механички прекинувачи ќе бидат заменети со паметни сензори.

 

„Maverick Project“ може да прикаже холографска тастатура на површината на масата, која има лични поставки, е целосно хигиенски безбедна, што е важно за пост-пандемискиот свет.

Прозорците се мали, правоаголни и се заменети со OLED дисплеи кои создаваат виртуелна средина што емитува слика од небото.

„Овој модел е совршен за деловни летови, иако може да се користи и за превоз на патници од економска класа“, рече Ли Кларк, потпретседател на компанијата.

 

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more