Vrabotuvanje.com - Погледнете ја листата со професии со бенефициран стаж во Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Погледнете ја листата со професии со бенефициран стаж во Македонија

Министерството за труд и социјална политика, во рамки на проект кој се одвива со техничка поддршка на Светска Банка, неодамна најави дека ќе спроведе целосна ревизија на работните места со бенефициран стаж и ќе се изработи нов правилник – нова листа со работни места со бенефициран стаж.

Погледнете ја листата со професии со бенефициран стаж во Македонија

А според Законот за ПИО, во рамките на бенефицираниот работен стаж  има неколку групи работници за кои тој се применува.  

  1. Бенефицираниот работен стаж се применува кога работодавачот ги презел сите мерки за заштита на работникот, но и покрај тоа работата што ја врши предизвикува опасност за неговиот живот и здравје (рудари, работници во топилница и сл.).
  2. Бенефициран работен стаж имаат и работници кај кои поради тежината и природата на работата, физиолошките функции на организмот опаѓаат во толкава мера што на работникот му оневозможуваат нормално и непречено вршење на таа професија (балетани, играчи, пилоти…).
  3. Бенефициран стаж имаат и инвалидите осигуреници што се во работен однос, односно на работа врз основа на која биле задолжително осигурени поминале работејќи со полно работно време.
  4. Покрај овие работни места, со посебен закон е утврден бенефицираниот работен стаж  за полицајците, припадниците на АРМ, пожарникарите.

На работникот на кого стажот му се смета со зголемено траење (или познат како бенефициран стаж) старосната граница за стекнување на пензија му се намалува со степенот на зголемување на стажот, и тоа по една година за:

  • Секои 7 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци
  • Секои 6 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
  • Секои 5 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
  • Секои 4 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
  • Секои 3 години и 6 месеци поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
  • Секои 3 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци.

Погледнете ја ЛИСТАТА на професии со бенефициран стаж

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more