Vrabotuvanje.com - ПЛАТИ до 28.000 денари: Министерство за правда ВРАБОТУВА!
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПЛАТИ до 28.000 денари: Министерство за правда ВРАБОТУВА!

ПЛАТИ до 28.000 денари: Министерство за правда ВРАБОТУВА!
ОГЛАС БРОЈ 2/2018 
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА 
МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 
 

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2018 година за следниве работни места: 

1. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,во Одделението за финансиско работење и други административни работи, на работно место Помлад соработник за човечки ресурси, со звање помлад соработник.

Потребни квалификации: 
Образование: Правни науки или јавна администрација, ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен. 
Работно искуство: со или без работно искуство 
Познавање на странски јазици: Англиски јазик 
Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа; 
Паричен нето износ: 21.000 денари. 

2. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,на работно место Раководител на Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање раководител на одделение.

Потребни квалификации: 
Образование:Правни науки, ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен. 
Работно искуство:Најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор; 
Познавање на странски јазици: Англиски јазик 
Посебни услови: Правосуден испит 
Дневно работно време: Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа; 
Паричен нето износ: 28 000 денари. 

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
Доказ за познавање на англиски јазик
Доказ за положен правосуден испит (само за кандидатите кои што аплицираат за второто работно место-раководител на одделение) и Копија од уверение за државјанство.


ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more