Vrabotuvanje.com - Microsoft произведе безжичен глушец од рециклирана пластика
Share
Tweet
Share
Send to friend

Microsoft произведе безжичен глушец од рециклирана пластика

Microsoft произведе компјутерски глушец наречен Ocean Plastic Mouse, кој, како што сугерира неговото име, е направен од пластика од океанот.

Microsoft произведе безжичен глушец од рециклирана пластика

Куќиштето, или школката на глушецот, всушност е делумно (20 проценти) направено од рециклиран пластичен отпад собран од океанот и другите води. Преку процесот на обработка се создава пластична смола, која се меша со други материјали, и од оваа мешавина на крајот се формира глушецот. Во производството на хардверот, 20 проценти од материјалот е рециклирана пластика.

Покрај тоа, пакувањето во кое доаѓа глувчето е направено од дрво и шеќерна трска, а исто така може целосно да се рециклира и не содржи пластика. Исто така, има опција бесплатно да им испратите стар компјутерски глушец на Microsoft за рециклирање.

Ocean Plastic Mouse содржи три копчиња, поддржува Bluetooth 4.0 и има опсег до 10 метри. Microsoft тврди дека глушецот ќе работи со една АА батерија до 12 месеци.

Продажбата започнува на 5 октомври, а Ocean Plastic Mouse ќе чини 25 долари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more