Vrabotuvanje.com - Дали луѓето кои работат во хаос се попродуктивни?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали луѓето кои работат во хаос се попродуктивни?

Ок, знаеме дека кретивноста и хаосот на работа можат да бидат пар, меѓутоа хаосот и продуктивноста некако не одат заедно

Дали луѓето кои работат во хаос се попродуктивни?

За да биде еден човек продуктивен, треба да има ред односно треба да прави приоритети и планови. А како да направиш приоритет, ако на масата не знаеш каде е чашата, пенкалото и листата со обврски - ако ја имаш напишано%

Креативен хаос постои, да ама тука продуктивноста е дискутабилна. Продуктивноста налага однапред да се закажуваат задачите на календар, дигитален, обичен или каков и да одговара, важно е да бидат запишани.

Среќни вработени се оние кои имаат висока продуктивност во денот. Тоа не значи да работат 12 наместо 8 часа, туку да работат кога се најконцентрирани во денот, да го искортистат времето максимално и да си заминат со насмевка на лицето. Во оние делови кога паѓа концентрацијата, продуктивните луѓе ги користат за ослободување на умот: слушање музика, читање вести или пак релаксирано истражување на областа во која работат.

Уште една многу важна работа е – тие се опкружени со паметни луѓе. Да, продуктивноста има врска и со окружувањето.

Креативноста и продукитвноста се поттикнати од паметни луѓе. Не верувате?

Тестирајте ги колегите и ќе се уверите во тоа 

Продуктивните луѓе секогаш употребуваат алатки кои ќе олеснат работата. Ако го има на интернет тогаш може да се употребат. Така, ја максимизираат работата и резултатите.

И за крај – многу е важно што НЕ СЕ ЖАЛАТ НА РАБОТАТА!

Извор: hybrid.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more