Филип Марковиќ од Србија од своите пријатели во хотелот каде работел наслушнал како со работа на брод може да се купи и стан, по што пред 7 години на свои 23 отишол да работи на брод, пишува порталот Фактор.
Тој едно утро се пробудил, и донел одлука дека ќе ја смени работата.
„Едно утро се пробудив и си реков „овде каде што работам ми е добро, но до 15 во месецот ја трошам платата, и не сакам веќе да преживувам“- вели тој.
На интернет нашол компанија од Загреб која посредува, пратил CV и за месец дена го повикале на разговор, при што интервјуто за работа траело само 5 минути.
Почнал да работи на брод како келнер, а на крајот станал консултант за продажба.
Вели дека работел по 10 до 12 часа дневно или 330 часа месечно.
Откако завршил договорот се вратил во Белград и работел за 300 евра, но вели дека со тие пари нема перспектива.
Потоа со друг договор успеал да ги обиколи Медитеранот и Блискиот Исток.
Ако се штеди вели дека за 6 месеци може да се заработат 10.000 долари, а тој успеал да си купи стан по 6 години работа.