Vrabotuvanje.com - Тесла го прекина тестирањето на новиот автопилот, вели Маск
Share
Tweet
Share
Send to friend

Тесла го прекина тестирањето на новиот автопилот, вели Маск

Тесла го прекина тестирањето на новиот автопилот, вели Маск

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ го прекина тестирањето на подобрената верзија на својот автопилот поради технички проблеми кои се појавија со него, изјави основачот на компанијата, Илон Маск.

„Забележавме некои проблеми со верзијата 10.3, така што привремено се враќаме на верзијата 10.2“, напиша тој на Твитер.

Маск неодамна изјави дека службата за контрола на квалитетот открила проблеми со брзината на системот при вртење налево. Првата верзија на „Advanced Driver Assistance System“ (АДАС) беше претставена од „Тесла“ во 2014 година, кога беа објавени плановите за највисокото, петто ниво на автоматизација и самоуправување, каде што автомобилот може да вози без возач во сите услови на патот. Оваа технологија е инсталирана само на неколку илјади електрични возила, од кои повеќето се обезбедени за вработените во компанијата.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more