Vrabotuvanje.com - „Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ - Што ги тера македонците да ја напуштат државата?
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ - Што ги тера македонците да ја напуштат државата?

„Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“

„Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ - Што ги тера македонците да ја напуштат државата?

Факт е дека Македонските граѓани масовно се селат во странство. Причините ни се добро познати. Желба и потреба за подобра иднина и егзистенција, поубаво место за живеење, поголеми можности за градење кариера, учење и надградување...

Што е она што би можело да се подобри во нашата земја за да се намали „одливот на мозоци“?

Направивме анкета на тема "Што е тоа што би ве задржало во земјава, ако имате можност за кариера во странство"?

3% од испитаниците се изјасниле дека добар менаџер и напредување во кариерата би ги задржало во државата.

„Повисока плата и добар менаџер што не ги понижува вработените“ - вели еден од коментарите.

Опцијата Напредување на работното место според досегашното искуство ја избрале 12% од посетителите на нашиот сајт.

„Подобро работно место, повисока плата, позадоволен и посреќен живот.“ „Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ се дел од коментарите на испитаниците кои ја избрале оваа опција.

26% се изјасниле дека семејството би ги задржало во Македонија и кога би имале можност за кариера во странство.

„Најважно е семејството, се друго е менливо и минливо“ - вели еден коментар.

Очекувано, за опцијата повисока плата се изјасниле 59% или 757 испитаници.

„Ако добивам иста плата со платата која би ја добивал во странство.“ „90% од фирмите не ги плаќаат прекувремените работни часови, државата го знае тоа и премолчува, луѓето пред се не сакаат неправда и се селат!“ „Мали плати, висок стандард. Со една минимална плата не се гледа фамилија.“

Според коментарите и резултатите од оваа анкета, економските причини се главен мотив за иселување и тоа не само на младата популација. Овој глобален тренд станува премногу опасен за државата во која секој втор млад човек сонува за заминување!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more