Vrabotuvanje.com - Јавен оглас за невработените лица од Агенцијата за вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Јавен оглас за невработените лица од Агенцијата за вработување

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање

Јавен оглас за невработените лица од Агенцијата за вработување

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 12.10.2021 година објавува: 

Ј А В Е Н   О Г Л А С
за невработените лица

Сите  невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

 Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како  кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;
  • Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво;
  • Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит    (во вид на опрема, предмети и/или пари);
  • Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

 Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

 Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.

Повикот важи до 12.11.2021

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА                                                              

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more