Vrabotuvanje.com - Македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји
Share
Tweet
Share
Send to friend

Македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Српскиот претседател наредил во најбрз можен рок да се потпише договор со кој на македонските и на српските граѓани ќе им се овозможи да купуваат недвижен имот во двете земји.

Македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Србија, Албанија и Северна Македонија ќе формираат Совет за имплементација со цел што поскоро да се забрза протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал за да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата Отворен Балкан.

Се договоривме дополнително да го забрзаме овој процес и да формираме Совет во кој ќе има претставници од Стопанската комора и ресорните министри од трите земји. Секоја недела членовите на Советот ќе ги известуваат лидерите на трите земји за тоа што е направено и што допрва треба да се направи, изјави Чадеж.

Тој посочи дека е важно компаниите кои работат во овие земји да имаат еднаков третман и деловни можности. За бизнисмените беше важно да имаат отворен разговор со лидерите за тоа како да се забрза протокот на стоки, услуги и капитал низ овие три земји.

На состанокот присуствуваа претставници на 22 холдинг компании кои работат во сите земји од иницијативата Отворен Балкан, вработуваат околу 50 000 луѓе во целиот регион и имаат годишен обрт од над четири милијарди евра, наведе Чадеж.

Тој посочи дека е важно до следната средба на бизнисмените и претставниците на трите земји во Тирана, следниот месец, да се реши проблемот со меѓусебното признавање на фитосанитарната и ветеринарната документација.

Извор: fokus.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more