Vrabotuvanje.com - Паркиран автомобил во Италија 47 години привлекува туристи
Share
Tweet
Share
Send to friend

Паркиран автомобил во Италија 47 години привлекува туристи

Мистериозен автомобил во Конељано, Италија, паркиран на иста улица, на ист паркинг 47 години, стана туристичка атракција.

Паркиран автомобил во Италија 47 години привлекува туристи

Анџело Фреголент (94), ја паркирал својата „Ланчија фалвија“ од 1962 година пред киоскот што го води со неговата сопруга Бертила Модоло. Во 1974 година, парот се пензионираше, но го остави возилото таму. Оттогаш, автомобилот е ексклузивна околна знаменитост.

 

– Кога го отворив бизнисот, бев среќен што автомобилот е паркиран пред трафика бидејќи ги растоварав весниците во багажникот и потоа ги ставав внатре, изјави нејзиниот сопственик за „Ил газетано“.

Сега старата „Ланчија“ ќе биде и реставрирана, подновена и претворена во споменик, бидејќи несомнено стана дел од урбаните знаменитости на градот.  

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more