Vrabotuvanje.com - Еве како правилно се користат штипките за облека
Share
Tweet
Share
Send to friend

Еве како правилно се користат штипките за облека

Еве како правилно се користат штипките за облека

Кога станува збор за едноставни домашни работи, како што е закачувањето облека за сушење, сите сме убедени дека тоа го правиме правилно. Сепак, на социјалните мрежи често се појавуваат трикови кои укажуваат дека грешиме.

Една жена на TikTok сподели видео во кое објаснува како повеќето луѓе погрешно ги користат штипките за облека и покажа кој е вистинскиот начин. Многумина ги преклопуваат алиштата и ги префрлаат преку сушарата или жицата за сушење, но тоа е погрешно и доведува до непотребно туткање на облеката.

Наместо тоа, треба да ја ставиме облеката под жицата и со штипка да ја притиснеме жицата, а одоздола да го фатиме само работ од облеката. Како што е прикажано во видеото, штипките имаат мал отвор, направен за прифаќање на жицата. 

Нејзиното видео брзо стана популарно и собра повеќе од 300.000 прегледи, а многумина коментираат колку се изненадени од овој трик.

- Со години се мачев со линиите на облеката! Како не го знаев ова порано? - е само еден од многуте коментари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more