Vrabotuvanje.com - Автомобил за 2.000 долари од Alibaba
Share
Tweet
Share
Send to friend

Автомобил за 2.000 долари од Alibaba

Кина останува доследна на ветувањето дека ќе произведува евтини електрични автомобили, а на пазарот неодамна се појави моделот Changli EV, електричен пикап кој чини само 2.000 долари.

Автомобил за 2.000 долари од Alibaba

За нештата да бидат уште поинтересни, Changli EV, освен од производителот, може да се купи и на кинескиот сајт за е-трговија, Alibaba.com.

Овој необичен пикап е опремен со оловно-киселински батерии, кои се значително поевтини од литиумските батерии, а оние кои би сакале нивната батерија да трае подолго и да има подолг домет, може дополнително да платат за вградување на литиум - јонска батерија. Максималната брзина што може да ја развие Changli е 45 километри на час, а со едно полнење може да надмине околу 50 километри. Опремен е со камери, ЛЕД осветлување, резервна гума, а монтирањето на клима е опционално. Во цената е вклучен дури и полнач од 110 V, а полнењето на батеријата трае шест до осум часа.

Покрај електричните автомобили, Changli на истокот на Кина произведува и електрични трицикли, рикши, возила за подигање контејнери и други еколошки возила.

Но, Changli EV не ги исполнува американските безбедносни стандарди за моторни возила, па затоа не е легално да се вози по патишта, пишува Techradar.

Засега не е познато дали Changli ги исполнува безбедносните критериуми на другите земји, како и дали наскоро ќе биде можна испорака во други делови на светот. Друга „цака“ е цената на испораката која чини речиси исто колку и самото возило, како и цената на батеријата која се доплаќа. 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more