Vrabotuvanje.com - Четиридневна работна недела: Вработените ја бараат, но дали шефовите ќе попуштат?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Четиридневна работна недела: Вработените ја бараат, но дали шефовите ќе попуштат?

Четиридневната работна недела е она што го бараат вработените, поточно подготвени се за ваков тип на промени, а нивните шефови треба да внимаваат на нивните желби.

Четиридневна работна недела: Вработените ја бараат, но дали шефовите ќе попуштат?

Оваа тема секако не е нова, но за неа се зборува почесто во пандемијата, која трајно го промени режимот на работа: не само што флексибилното работно време стана императив во многу компании, се поизвесно е дека самата работна недела ќе биде пократка - или во однос на денови или часови.

Во исто време, американските работници поднеле отказ во рекорден број - 4,3 милиони се евидентирани во август, а уште 4,4 милиони во септември годинава. Менаџерите во различни индустрии имаат проблем да најдат работници, дури и кога ги зголемуваат платите и нудат стимулации.

Истражувачите од финансиската компанија „Jefferies“ ги прашале младите Американци, на возраст од 22 до 35 години, кои неодамна ги напуштиле своите работни места - што можеле да направат нивните поранешни шефови за да ги убедат да останат на таа работа.Триесет и два отсто рекле дека ќе останат доколку им се понуди четиридневна работна недела.

Тоа, всушност, беше вториот најчест одговор, веднаш зад 43-те проценти кои би останале на работа за повеќе пари. Студијата исто така покажа дека 80 отсто од испитаниците поддржуваат четиридневна работна недела. Што се однесува до останатите 20 отсто, само 3 отсто рекле дека се против пократка недела, а 17 отсто се „неутрални“. Кај работниците со дипломи, „синдромот на прегорување“ беше првата причина поради која дадоа отказ. Идејата е работната недела сега да има 32 наместо 40 работни часа.

Работната недела од 40 часа беше тешка борба на работничките активисти на почетокот на 20 век. И лесно е да се видат паралели со сегашниот пазар на труд, кога работниците се овластуваат и кога се зголемуваат напорите за синдикализација.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more