Vrabotuvanje.com - Пандемијата ја зголеми побарувачката за роботи и вештачка интелигенција во компаниите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пандемијата ја зголеми побарувачката за роботи и вештачка интелигенција во компаниите

Американските компании „вработуваат“ рекорден број роботи, па така од 1-ви јануари до 30-ти септември годинава во бизнисот биле вклучени 29.000 машини.

Пандемијата ја зголеми побарувачката за роботи и вештачка интелигенција во компаниите

Во многу индустрии, побарувачката за вработени е поголема од понудата, па многу компании се свртеа кон автоматизација на бизнисот и се повеќе се потпираат на вештачката интелигенција. Континуираната голема побарувачка за производи и недостигот на работна сила, како и промените на пазарот предизвикани од пандемијата, влијаат на зголемувањето на побарувачката за роботи, пренесуваат американските медиуми.

„Компаниите не можат да најдат доволен број работници, па се тркаат во автоматизација”, објаснува претседателот на Здружението за напредна автоматизација, Џеф Барнштајн.

Покрај недостигот на работна сила, роботите и автоматите во многу индустрии се покажаа како поисплатливи од човечката работа. Тоа најдобро може да се види во автомобилската индустрија, во чии погони и фабрики роботите се најзастапени, со текот на годините.

Сепак, во 2020 година продажбата на роботи во други индустрии за прв пат ја надмина нивната продажба во автомобилската индустрија, а овој тренд продолжува и оваа година. Во исто време, немаше пад на нарачките за роботи во автомобилската индустрија, напротив, имаше раст од 20 проценти, но побарувачката за роботи во другите индустрии порасна со многу поголема стапка која надмина 50%.

Овие бројки јасно покажуваат што може да се очекува во иднина, во која побарувачката за роботи и автоматизација неколкукратно ќе расте во многу сектори и индустрии, а тоа ќе ги забрза производните процеси, но и, барем делумно, ќе го реши недостигот од работна сила.

За зголемената побарувачка за роботи придонесе и пандемијата, бидејќи многу компании повеќе не можат да ги вратат работниците што ги изгубиле поради проблеми со вирусот, па се свртеле кон „роботската алтернатива“.

Поради пандемијата, многу работници останаа без работа, а роботиката ќе „затвори“ дополнителни 85 милиони работни места.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more