Vrabotuvanje.com - Руска компанија создава нов робот и нуди 200.000 долари за вашето лице
Share
Tweet
Share
Send to friend

Руска компанија создава нов робот и нуди 200.000 долари за вашето лице

Компанијата Promobot им нуди 200.000 долари на луѓето за нивното лице и глас

Руска компанија создава нов робот и нуди 200.000 долари за вашето лице

Компанијата која актерот Арнолд Шварценегер ја тужеше за 10 милиони долари затоа што направила робот кој се вика Robot-C и изгледа исто како него, сега работи на нов проект.

Сакаат да направат робот кој ќе го продадат и кој ќе работи во хотели како рецепционер и носач на куфери, во трговски центри и други места на кои доаѓаат многу луѓе.

Во соопштението наведуваат дека бараат лице за роботот и нудат 200.000 долари на оној кој ќе им ги даде правата на наговото лице до крајот на живтот.

„Промобот“ ќе ги разгледа понудите на сите луѓе, од сите раси, постари од 25 години кои може да се пријават на нивната страница.

Тие бараат само „пријатно и пријателско лице“.

Фирмата од Русија, која е основана во Филаделфија, наведува дека нивните роботи во моментот работат во „Волмарт“, на аеродромот Балтимор – Вашингтон и во трговскиот центар Dubai Mall.

извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more