Vrabotuvanje.com - Колку ќе заработува новиот шеф на Twitter?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку ќе заработува новиот шеф на Twitter?

Колку ќе заработува новиот шеф на Twitter?

Покрај унапредувањето, новиот извршен директор на Twitter ќе добие и значително зголемување на платата.

Параг Агравал, кој беше главен технолошки директор на социјалната мрежа до ненадејната оставка на Џек Дорси претходно оваа недела, ќе добива годишна плата од 1 милион долари, според документите поднесени од компанијата до Комисијата за хартии од вредност на САД.

37-годишниот Агравал ќе има право и на годишен бонус за учинок до 150% од неговата плата, што значи дека би можел да заработува уште 1,5 милиони долари годишно. Покрај тоа, Агравал ќе добие акции во вредност од 12,5 милиони, кои ќе станат негова сопственост во еднакви делови во 16 последователни квартали почнувајќи од 1 февруари 2022 година.

Платата на Агравал е многу повисока од годишната плата од 1,40 долари што Дорси ја добива во последните неколку години. Според компанијата, Дорси земал ваква плата како симбол на „неговата посветеност на Twitter и неговото верување дека компанијата има потенцијал да создаде вредност на долг рок“, велат од компанијата.

Богатството на Дорси во моментов се проценува на повеќе од 12 милијарди долари, според „Bloomberg“.

Агравал му се придружи на Twitter во 2011 година како софтверски инженер и се искачи низ рангот за да стане еден од најблиските партнери на Дорси во подготовките за иднината на компанијата, објави CNBC.

Конкретно, Агравал има клучна улога во проектот со отворен код на Дорси наречен Bluesky, чија крајна цел е да ги натера различните социјални мрежи да комуницираат меѓу себе на ист начин како и е-поштата. Долгорочната визија е корисниците на засебните социјални мрежи да комуницираат меѓу себе без никакви проблеми.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more