Vrabotuvanje.com - Цените на кафето се на највисоко ниво за една деценија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Цените на кафето се на највисоко ниво за една деценија

Цените на кафето се на највисоко ниво за една деценија

Поскапува кафето во светот. Толку висока цена овој производ немал цели 10 години. 

Аналитичарите очекуваат промени на пазарот до 2023 година. Неповолните временски услови во Бразил доведоа до раст на цената. 

Договорите за декемвриска испорака на кафе ја завршија трговската сесија по цена од 2,34 долари за фунта. Во четвртокот, фјучерсите за кафе на Њујоршката интерконтинентална берза се искачија на 2,46 долари, и тоа беше највисока цена од 2011 година, кога беше 3 долари за фунта (1 фунта = 0,4536 кг). Во петокот референтната цена на Меѓународната асоцијација за кафе беше 2,07 долари за фунта, што е за 85 отсто повеќе од претходната година.

Затворањата во Витенам, и лошите временски услови во Бразил и Никарагва ја вивнаа во облаци цената на кафето. Во Бразил температурите кои се спуштија до минус 10 степени уништија дел од плантажите со кафе. 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more