Vrabotuvanje.com - Норвешка ќе им помогне на граѓаните со високи сметки за струја
Share
Tweet
Share
Send to friend

Норвешка ќе им помогне на граѓаните со високи сметки за струја

Норвешката влада сака да им го олесни товарот на граѓаните со високи сметки за струја.

Норвешка ќе им помогне на граѓаните со високи сметки за струја

Домаќинствата ќе добијат владина помош за исклучително високите сметки така што ќе им бидат платени половина од она што ја премина граничната цена од 7,8 центи по киловат.

Мерката стапува на сила во декември и ќе трае до март.

„Вонредната ситуација бара вонредни мерки“, рече премиерот Јонас Гар Стор на прес-конференција во Осло.

Според Владата, за помош на граѓаните ќе бидат издвоени 560 милиони долари. Цените на електричната енергија во изминатите месеци значително пораснаа во некои делови на Европа.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more