Vrabotuvanje.com - Олаф Шолц ќе се вози со мерцедес од околу 600.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Олаф Шолц ќе се вози со мерцедес од околу 600.000 евра

Олаф Шолц ќе се вози со мерцедес од околу 600.000 евра

Новиот германски канцелар Олаф Шолц ќе добие нов службен автомобил „Mercedes-Benz S 680 Guard“ кој е со специјална заштита и ќе ги чини германските даночни обврзници најмалку 547.400 евра.

Моделот нема да биде направен специјално за претседателот на германската влада, туку тој веќе е во редовно производство.

Автомобилот го има сертификатот „VR10“, што значи дека е отпорен на куршуми и експлозии. Има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.

Возилото го има најмоќниот мотор што се нуди – „6.0 V12“ со 450 kW / 612 КС, кој просечно троши 19,5 литри бензин на 100 километри..

Моделот тежи импресивни 4,3 тони.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more