Vrabotuvanje.com - Директорите имаат нов омилен збор: Оваа година го кажале 3,091 пат, а во 2001 само еднаш
Share
Tweet
Share
Send to friend

Директорите имаат нов омилен збор: Оваа година го кажале 3,091 пат, а во 2001 само еднаш

Директорите имаат нов омилен збор: Оваа година го кажале 3,091 пат, а во 2001 само еднаш

Ако прашате многу работодавачи и директори за тоа каква била 2020, но и 2021 година, кога ќе погледнат зад себе, веројатно ќе употребат некоја од следниве фрази: предизвик, ролеркостер, неизвесност… Меѓу силните епитети, се нашол и зборот „патување“, кој има поинаква конотација на англиски.

Имено, како што пишува Блумберг, омилен збор на извршните директори оваа година бил „journey“, поточно фразата „ it’s been quite a journey“ (тоа беше едно прилично патување).

Така одговориле на прашање поврзано со кризата, проследена со короната, инфлацијата и упорниот недостиг на работна сила. Директорите на компаниите кои се наоѓаат во индексната корпа „ S&P 500“ го употребиле зборот „journey“ во текот на конференциските повици – точно 3,091 пат, односно употребата на тој збор пораснала за 70 %.

Во последно време, тој е „најбрзо растечки корпоративен збор (buzzword) збор.

Изразот претходно бил ретко користен, само еднаш во 2001 година. Сега се користи да се објасни било каков вид на деловна цел.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more