Vrabotuvanje.com - Првата СМС порака како NFT е продадена за 107.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Првата СМС порака како NFT е продадена за 107.000 евра

Првата СМС порака како NFT е продадена за 107.000 евра

Првата СМС порака денеска е продадена на аукција во Париз за 107.000 евра.

СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен).

Во пораката се честита Божиќ.

Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми.

Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more