Vrabotuvanje.com - Kазна од 70 евра за секој што не работи од дома
Share
Tweet
Share
Send to friend

Kазна од 70 евра за секој што не работи од дома

Во Велс на секој што оди на работа, а може да работи од дома му се заканува казна од 70 евра.

Kазна од 70 евра за секој што не работи од дома

Од понеделник, компаниите ќе добиваат и парична казна од 1.177 евра секогаш кога ќе го прекршат правилото. Досега имаше само упатства за работа од дома за да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус.

Воведени се дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот и заштита на јавното здравје – изјави портпаролот на владата на Велс.

Ова е само продолжение на советот дека велшката влада веќе подолго време им препорачува на луѓето да работат од дома каде што тоа е можно, а од понеделник тоа ќе биде законска обврска, освен ако нема разумна причина да се оди на работа надвор од домот.

Очекуваме работодавците да ги преземат сите разумни чекори за да ја олеснат работата од дома и да им ја обезбедат потребната поддршка на вработените – рече портпаролот.

Извор: novamakedonija.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more