Vrabotuvanje.com - Ова е најубавата божиќна дестинација во светот!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова е најубавата божиќна дестинација во светот!

Ова е најубавата божиќна дестинација во светот!

Иако самата помисла за одмор во јужна Италија најмногу ќе асоцира на одмор во летните месеци, јужна Италија секако има што да понуди и во зимскиот и божиќниот период.

А доказ за тоа е ова шармантно место со уште пошармантно име – Локоротондо, кое во последните години привлекува се повеќе туристи во декември.

Локоротондо е мал град кој го најде своето место во Апулија, во самата петица на италијанската „чизма“.

Иако Локолотодно не може да го сокрие својот шарм во ниту еден период од годината, ова живописно место е вистинска локација за оние кои го обожаваат периодот на божиќните и новогодишните празници.

Локоротондо е еден од типичните атмосферски стари градови во Апулија со блескави бели фасади, поради што во декември станува божиќна дестинација од бајките, која остава малкумина рамнодушни.

Имено, внимателно избраната декорација во градот создава неверојатен контраст помеѓу црвената, божиќните тонови и белите ѕидови, а благодарение на мноштвото светилки и традиционални украси ќе се чувствувате како да сте во бајка!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more