Vrabotuvanje.com - Загриженост кај меѓународните институции поради криптовалутите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Загриженост кај меѓународните институции поради криптовалутите

Загриженост кај меѓународните институции поради криптовалутите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е загрижен за криптовалутите бидејќи тие растат со толку значајна стапка, а нема регулативи за нив, пишува „CNBC“.

Во септември, вкупната пазарна вредност на сите криптовалути надмина 2 трилиони долари, што е 10-кратно зголемување од нивото забележано на почетокот на 2020-та година, според податоците собрани од институцијата.

Еден од проблемите што ММФ ги истакнува е тоа што на многу луѓе и финансиски институции кои тргуваат со овие средства „немаат силни оперативни, управувачки и ризични практики“, а тоа ги става потрошувачите во ризик. Покрај тоа, поради недостаток на надзор, криптовалутите може да се користат за финансирање тероризам, перење пари и други криминални практики.

Не само ММФ повикува на повеќе активности за да се направат инвестициите безбедни, пренесува „CNBC“. Финансискиот регулатор на Британија (FCA), на пример, е загрижен за врската помеѓу социјалните медиуми и инвестициите во криптовалути. Институцијата предупредува дека измамниците им плаќаат на познатите личности и инфлуенсерите за да промовираат валути кои не постојат.

Ким Кардашијан беше платена да ја промовира криптовалутата ethereummax. Ѕвездата има повеќе од 200 милиони следбеници на Инстаграм, а аналитичарите велат дека таа рекламира токени за кои нема доволно информации.

„Ова е доста опасно за младите кои гламурозниот живот на познатите го поврзуваат со криптовалутите“, предупредуваат финансиските аналитичари. Затоа, нивната препорака е регулаторите да внимаваат на токените и да ги објаснат ризиците поврзани со нив. На пример, големата флуктуација на нивната вредност, која може да се случи за само еден трговски ден.

„Младите се силно привлечени од криптовалутите и често ги прават своите први инвестиции земајќи заеми или користејќи пари од кредитни картички. Некои од нив дури користат пари од студентските кредити за финансирање на оваа дејност, а не на своето образование“, предупредуваат експертите.

Според „FCA“, до средината на 2021-ва година, околу 2,3 милиони Британци имаат криптовалути. 14% од нив ги купиле на кредит, а 12% сметаат дека валутите се под надзор на регулаторот.

„Криптовалутите го делат јавното мислење – нивните поддржувачи веруваат дека тие се иднината, додека скептиците се потсетуваат на ризиците поврзани со нивната употреба. Покрај тоа, технологијата е нова и сè уште немаме идеја што ќе се случи со криптовалутите во целиот финансиски циклус. Како и секоја нова шпекулација, можеби нема да заврши добро“, рече Чарлс Рандал, претседател на „FCA“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more