Vrabotuvanje.com - Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата

Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата

Хрватската влада треба да донесе нови демографски мерки наречени „Ја бирам Хрватска“, кои предвидуваат стимулација од 200.000 куни (околу 26.000 евра) за повратниците од ЕУ.

Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска.

Според предлогот, тие ќе добијат 150.000 куни (20.000 евра) за самовработување, плус 25.000 куни за преселба.

Хрватските медиуми наведуваат дека овие мерки ќе стапат на сила од 1 јануари 2022 година. Владата на Пленковиќ наводно ќе ги зголеми стимулациите за вработување во зелената и дигиталната индустрија на 150.000 куни.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more