Vrabotuvanje.com - Софтверска компанија на вработените им дава 5.000 долари ако дадат отказ после само две недели
Share
Tweet
Share
Send to friend

Софтверска компанија на вработените им дава 5.000 долари ако дадат отказ после само две недели

Софтверска компанија на вработените им дава 5.000 долари ако дадат отказ после само две недели

Кога ќе смените работно место се соочувате со многу нови работи, предизвици, а понекогаш и разочарувања. Во некои случаи вработените не се задоволни од новите колеги, некогаш новата работа им е премногу тешка, а други се разочаруваат зашто улогата што им е дадена во новата компанија не е тоа што се нудело на оглас.

Но, најчесто, со оглед на тоа дека само што ја добиле работата и дека јасно им е дека таму на долг рок нема место за нив, тие остануваат на новото место. Со работното место не се задоволни и не даваат максимум, па затоа компанијата каде што работат губи со тоа, а и вработените не се задоволни и немаат максимален потенцијал. На крајот даваат отказ и повторно почнуваат да бараат нова работа.

Извршниот директор на компанијата Trainual, Крис Ронцио, има едноставно решение. На сите нови вработени им дава примамлива понуда – после две недели на новото работно место им дава 5.000 долари за да дадат отказ.

Иако нам можеби ни изгледа како да нема смисла, Ронцио објасни зошто тој метод е ефикасен и зошто на долг рок се штедат пари. Тој вели дека е битно да знаат дали ги пронашле вистинските луѓе. Ако новите вработени не се задоволни со работното место и од Trainual очекувале повеќе, нивното незадоволство ќе се забележи во работата.

Колку подолго работат на работно место што не го сакаат, толку се понезадоволни, а ефикасноста е помала. На крајот ќе ја напуштат компанијата, а барањето нови кандидати, обуките и вработувањето чинат пари. Вкупната сума е многу поголема отколку 5.000 долари, колку што им дава на вработените тој после две недели, објаснува Ронцио.

Извор: inovativnost.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more